недела, 3 ноември 2024

Песков: НАТО е тој што се шири кон Русија, Русија не ја движи својата воена инфраструктура кон НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска за новинарите изјави дека Организацијата на Северноатлантскиот договор е таа што се шири кон Русија и дека поради тоа Москва мора да преземе чекори за да ја одбрани својата безбедност.

Столтенберг вчера изјави дека потегот на Русија ја побива неодамнешната заедничка руско-кинеска изјава дека државите не треба да распоредуваат нуклеарно оружје надвор од своите граници.

„НАТО е тој што се шири кон Русија, не е Русија тој што ја придвижува својата воена инфраструктура кон границите на НАТО“, рече Песков како одговор на изјавите на Столтенберг.

Финска во вторникот ѝ се приклучи на алијансата, удвојувајќи ја должината на копнената граница на НАТО со Русија, а Шведска наскоро треба да стане членка. Москва најави дека внимателно ќе го следи распоредувањето на силите на НАТО во Финска и соодветно ќе реагира.

„Овој потег ја зголемува нашата загриженост и грижата за нашата безбедност… и ние преземаме мерки за да ја зајакнеме својата безбедност. И така ќе биде секој пат кога НАТО ќе се приближи до нашите граници, за повторно да воведеме рамнотежа во безбедносната архитектура на континентот“, рече Песков.

Претседателот Владимир Путин денеска во Москва му е домаќин на својот белоруски колега Александар Лукашенко, а двајцата веројатно ќе разговараат за прашањето за руското распоредување нуклеарно оружје.

Русија не даде јасен распоред кога ќе го стори тоа, но Путин рече дека изградбата на складиштето треба да заврши до почетокот на јули. Тоа ќе биде прво распоредување на дел од рускиот нуклеарен арсенал надвор од нејзините граници по распадот на Советскиот Сојуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ