недела, 20 октомври 2024

Песков: На Србите им е многу тешко, ги поддржуваме нашите српски пријатели

На Србите и во Србија и во Република Српска им е многу тешко, Москва и Белград имаат ист став за обидите за газење на темелите на Дејтонскиот договор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ситуацијата сега навистина се влошува, а на Србите им е многу тешко. Тешко им е на Србите во Србија, а тешко им е и на Србите во Република Српска. Навистина се газат темелите на Дејтон, се навлегува во интересите на Србите. Воопшто не се согласуваме со ова. И ние целосно ги поддржуваме нашите српски пријатели во тоа“, рече Песков.

Кога станува збор за поддршката што Русија ѝ ја дава на Србија, Песков рече дека можностите на Москва се многу ограничени, но дека ставот на Русија по ова прашање е многу јасно изразен на меѓународната сцена, и, како што тврди, претставува прилично ефикасен лост за поддршка.

На прашањето дали на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и српскиот вицепремиер Александар Вулин се разговарало за потенцијалниот државен преврат што Западот го подготвува во Србија, Песков рече дека на оваа тема не се разговарало.

Тој исто така рече дека Русија и Србија продолжуваат да имаат редовни контакти на различни нивоа и, меѓу другото, за „најчувствителните прашања“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ