сабота, 27 јули 2024

Песков: На Европа еден ден ќе ѝ биде потребен Северен тек 2

Објавено на

часот

Сподели

„Инфраструктурата на тој гасовод е спремна и некое време во работна состојба ќе лежи на дното на морето. Баш тој проект ќе ѝ биде потребен на Европа еден ден, што и да зборуваат сега. Засега нема надеж (за придвижување), кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Берлин ја сопре сертификацијата на тој гасовод, кој оди по дното на Балтичкото Море и кој е дизајниран да ги удвои испораките на рускиот гас директно до Германија, откако Москва официјално ја призна независноста на двата отцепени региони во источна Украина и почна специјална воена операција во таа земја.

Европската комисија во средата претстави план вреден 210 милијарди евра во обид да ја прекине зависноста на Европа од руските фосилни горива до 2027 година и да го забрза преминувањето на зелена енергија.

Претседателот на руската влада Александар Новак кажа дека Русија ќе ги пренасочи енергенсите кои Европа ги одбива во други региони на светот, вклучувајќи ја Азија, истакнувајќи дека купувачите на Западот поскапо ќе ги плаќаат испораките на неруските енергенси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ