сабота, 27 јули 2024

Песков: Изјавата на Буданов за „убивање на сите Руси“ е монструозна

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека специјалните служби на Русија ќе ги земат предвид тие изјави и ќе ги преземат сите неопходни мерки во тој поглед, пренесува ТАСС.

Шефот на украинската разузнавачка служба, генерал Кирил Буданов, за Јаху њуз изјави дека неговата организација, ГУР, ќе ја продолжи својата кампања на тероризам против Русите „ каде било на овој свет“.

Песков оцени дека Киев не само што стана спонзор, туку и, како што рече, е директен организатор на терористички акти.

„Ова е навистина монструозна изјава. Оваа изјава и она што го кажа господинот Буданов е директна потврда дека режимот во Киев не само што спонзорира терористички активности, туку е и директен организатор на таа активност. Оваа изјава открива уште една многу важна карактеристика на киевскиот режим“, рече портпаролот на Кремљ.

Буданов беше обвинет за терористички дела од московскиот суд минатиот месец, а руските власти го поврзаа со низа диверзантски операции и атентати, од кои неодамна беше осуетен заговор за убиство на највисоки руски функционери на Крим.

Во интервју за Јаху њуз, одржано минатиот месец, но објавено претходно оваа недела, Буданов изјави дека она што Русија го нарекува „тероризам, ние го нарекуваме ослободување“.

На прашањето дали ГУР е одговорен за убиството на руската новинарка и политичка активистка Дарја Дугина во Москва минатата година, тој го даде следниот одговор: „Не продолжувајте со таа тема. Сè што ќе коментирам е дека ние убивавме Руси и ќе продолжиме да убиваме Руси каде било на овој свет до целосната победа на Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ