сабота, 15 март 2025

Песков до Украинците во Курск: Времето ви истекува, нашата понуда сè уште трае

Времето истекува за украинските сили кои се борат во рускиот регион Курск, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Понудата да се поштедат животите на украинските војници сè уште е на маса, изјави Песков за руската државна новинска агенција ТАСС, но таа нема да трае вечно.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од својот руски колега Владимир Путин да ги поштеди животите на украинските војници за кои се верува дека се опколени во Курск. Путин, кој нареди инвазија на Украина во февруари 2022 година, се согласи да ги поштеди животите на Украинците од „хуманитарни причини“, но побара раководството во Киев да им нареди на војниците во регионот Курск да го положат оружјето и да се предадат.

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека руските сили ја вратиле контролата над селата Рубаншчина и Заолешенка во регионот Курск, пренесува Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски индиректно призна дека војската ќе мора да се повлече од областа. „Ситуацијата е многу тешка. Можам само да им се заблагодарам на нашите борци за оваа операција, која ја исполни својата мисија“, изјави Зеленски на новинарите.

Украина ја донесе војната на руска територија со ненадеен напад минатиот август. Почетното оправдување за овој потег беше можноста за размена на дел од областа за окупирани украински територии во случај на преговори со Русија. Русија ги засили напорите да ја истера украинската војска од Курск, која окупираше околу 100 тамошни населби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ