сабота, 2 ноември 2024

Песков: Црно Море никогаш нема да стане море на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Песков ја коментираше денешната порака на Киев дека треба да се демилитаризира Црно Море и да стане море на НАТО и додаде дека таа е заснована на две контрадикции, пренесува руската агенција ТАСС.

„Црно Море никогаш нема да биде море на НАТО, тоа е заедничко море. НАТО и демилитаризацијата се концепти кои меѓусебно се исклучуваат“, наведе портпаролот на Кремљ.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој преку видео врска се обрати на конференција за црноморската безбедност, изјави денес дека е „време Црно Море да се претвори во она што стана Балтичко Море, море на НАТО“, мислејќи на неодамнешниот прием на Финска во воениот пакт.

Кулеба соопшти дека Киев нема да се откаже од своето барање Русија да ги повлече своите војници од Крим и деловите кои ги анектираше како услов да се прекине војната.

Романија, Украина и Молдавија денес потпишаа договори во Букурешт по трилатералната средба за безбедност во Црно Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ