сабота, 27 јули 2024

Песков: Британија ѝ помага на Украина со луѓе на терен, директно е вклучена во конфликтот

Велика Британија ѝ пружа помош на Украина и практично е вклучена во конфликтот, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Генерално, не е никаква тајна дека Британците навистина ѝ пружаат различни видови поддршка на Украина. И со луѓе на терен, и со разузнавачи, и така натаму. Тие се практично директно вклучени во овој конфликт“, кажа Песков.

Изјавата на портпаролот на Кремљ се однесува на напис во Тајмс во кој се тврди дека британскиот министер за одбрана Грант Шепс тајно ѝ помагал на Украина да развие борбени планови.

Песков додаде дека не е запознаен со деталите, ниту дали други функционери биле вмешани, но истакна дека руската војска веројатно има повеќе информации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ