недела, 20 октомври 2024

Песков: Америка не е најдобрата дестинација за патување на рускиот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин нема да отпатува на претстојната седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк, бидејќи, според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, САД сега не се најдобрата дестинација за патување на рускиот лидер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Путин не патувал во последниве години. Сепак, сега САД се земја која не ги исполнува на најдобар начин своите обврски како седиште на ОН. Затоа, сега веројатно и не се најдобрата дестинација за патување“, изјави Песков за Спутник, одговарајќи зошто Путин повторно одлучил да не зборува на Генералното собрание на ОН.

Путин претходно го одобри составот на руската делегација од десет лица кои ќе учествуваат на 79 сесија на Генералното собрание на ОН, што ќе се одржи на 22 и 23 септември во Њујорк.

Делегацијата ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ