сабота, 27 јули 2024

Пешиќ: Веста дека Јокиќ ќе игра на Олимпијадата е лажна

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светлислав Пешиќ вели дека Никола Јокиќ уште не донел одлука дали ќе игра на Олимписките игри во Париз.

Објавено на

часот

Сподели

Новинарот Марко Љубомировиќ излезе со вест дека Никола Јокиќ одлучил да игра за Србија на Олимпијадата во Париз.

Но, селекторот Пешиќ во изјава за „Б92“ рече дека најдобриот кошаркар во светот се уште не донел одлука.

„Новинар на твитер објави лажни вести. Кога ќе дојде време ќе ги добиете вистинските информации“, демантираше Пешиќ.

По оваа изјава на селекторот неизвесноста дали Јокиќ ќе игра за Србија ќе продолжи и понатаму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ