среда, 29 мај 2024

Пешев: Компаниите не треба да грабаат само за себе, туку заеднички да профилираат работна сила

Два гранта за стручно образование и обуки во областа на медицинските науки, ИТ, машинската и електро индустријата, вредни околу еден милион евра, им беа доделени денеска на два конзорциума, формирани од висообразовни институции и компании. Грантовите ќе се искористат за набавка на опрема и надградба на инфраструктурата во високо-образовните институции за поефикасно спроведување на дуалното образование.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Средствата се доделени во рамки на Регионалниот фонд за предизвици.

Како што оцени извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, во конзорциумите има многу компании што значи дека тие почнале да размислуваат конструктивно, додека голем дел од учениците кои минуваат низ процесот на дуално образование, наоѓаат работа веднаш по завршување на школото.

Полека научивме, истакна Пешев, дека компаниите не треба да се грабаат само за себе, туку дека треба да работат заеднички на профилирање на новата работна сила.

„Два гранта вредни околу еден милион евра им беа доделени денеска на два конзорциума. Вклучени се многу компании и образовни системи. Полека научивме дека компаниите не треба да се грабаат само за себе, туку дека треба да работат конструктивно, заеднички, околу профилирањето на новата работна сила. Така може да се соберат пари. Лани имавме осум проекти кои добија грантови, годинава се два, се надфевам дека трендот нема да биде вака негативен и дека ќе биде мотив идната година да се биде покоснтруктивен и да се размислува за тоа што да се понуди за да користиме и натаму средства од овие фондови. Убава вест, добро е сите да размислуваат во таа насока – училиштата да станат убаво место за младите и од нив да излегуваат подготвени кадри“, изјави Пешев по доделувањето на грантовите.

Дуалното образование, додаде, е како лавина, тргна како мала грутка снег, а сега има големи димензии.

„Но, зошто да не биде вистинска лавина, нашето образование да биде адаптирано на потребите на индустријата. Тоа би било „вин – вин“ комбинација. Учениците уживаат повеќе кога низ теоретската едукација стекнуваат и практични знаења, особено кога се работи за технологии кои прв пат можат да ги видат во живо, не само на видео или пропаганден материјал“, напомена Пешев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ