„Не ви е потребна опрема и не ви треба членство во спортски центар“, изјави д-р Сара Еби, лекар по спортска медицина. „Придобивките се огромни“.
„Пешачењето, исто така, го подобрува нивото на шеќер во крвта, добро е за здравјето на коските и може да ви помогне да изгубите тежина и да спиете подобро. Може да помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања, висок крвен притисок, деменција, депресија и многу видови на рак“, додаде Џули Шмид, медицинска сестра од здравствениот центар Нортон, пренесува Асошиејтед прес.
Сепак, и покрај сите негови придобивки, пешачењето „не е доволно за целокупното здравје и благосостојба“, бидејќи не обезбедува тренинг со отпор кој ја зголемува мускулната сила и издржливост. Ова е особено важно за здравјето на коските на жените како што стареат.
Експертите препорачуваат да додавате и други активности најмалку двапати неделно, користејќи тегови, опрема за вежбање или сопствено тело како отпор и да правите вежби кои ја подобруваат флексибилноста како јога или истегнување.