Перо Антиќ со Олимпијакос двапати беше шампион на Европа, но вечерва навиваше за Црвена звезда. Кога се појави во салата доби овации од навивачите, а црвено-белите и на социјалните мрежи се пофалија дека тој ги одбрал нив.
Што се однесува до мечот, Олимпијакос одлично почна, во првата четвртина направи и 11 поени предност, но во вториот период Црвена звезда почна да ја топи негативата и го сврте резултатот, сепак грчкиот тим на полувремето замина со предност од 45-47.
Клучна беше третата четвртина која Црвена звезда ја доби со 20-12, создаде предност која ја одржа до крајот на мечот за да слави победа од 87-79.
Најдобар во составот на Црвена звезда беше Факундо Кампацо со 20 поени, Холанд реализираше 17, а Петрушев и Вилдоза по 12. Кај Олимпијакос Везенков постигна 16 поени, Валкуп 15.