Според него, комунален надзор по општините треба да се регулира со Законот за комунални дејности, кој ја опишува целата материја, а со планираните измени на Законот за локална самоуправа, како обврска во иднина градоначалниците ќе мора да ја спроведуваат, односно комуналните редари ќе бидат обврска на градоначалниците.
„Причините за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа произлегуваат од идентификуваните слабости после неговата дваесетгодишна примена. Се разговара и за правото за отповикување од градоначалничката функција. Комунален надзор треба да се регулира со Законот за комунални дејности, кој ја опишува целата материја. На тој начин верувам дека ќе станат минато девијантните појави на дел од граѓаните за уништување на јавните површини, урбаната опрема и слично.
Од досегашната неформална комуникација со директните и индиректните чинители во системот за локална самоуправа, но и од веќе започнатиот процес на отворени јавни дебати за измените на Законот, можам да кажам дека генерално имаме унисон став и поддршка за планираните измени“, истакнува министерот.