четврток, 26 декември 2024

Пепси казнето зашто дискриминирало црнци

Објавено на

часот

Сподели

Тие не ја добиле работата поради тоа што во нивните досиеја стоело дека се апсени, иако никогаш не биле обвинети.
Американската државна комисија за еднакво вработување соопшти дека компанијата Пепси одбила да ги вработи луѓето, иако кривичните постапки против нив биле прекинати.
Комисијата соопшти и дека користењето кривични досиеја при вработување може да биде незаконско, освен ако конкретното работно место си бара проверка дали некој е осудуван.Се додава и дека неограниченото користење на досиејата го загрозува вработувањето на црнците и на хиспаноработниците, кои почесто се апсат од белците во САД.[pullquote align=”right”]Седумдесет и три отсто од американските големи компании секогаш ги проверуваат криминалните досиеја на потенцијалните работници, а само 19 отсто тоа го прават за кандидати што поднеле барање за конкретно работно место.[/pullquote]
Компанијата „Пепси“ соопшти дека ја промениле својата политика за вработување, истовремено нудејќи им вработување на лицата што првиот пат биле одбиени доколку ги исполнуваат другите услови. Во известувањето се вели дека компанијата ни при првото вработување на спорните работници не сакала да направи дискриминација, и дека, по разговорите со Комисијата за рамноправно вработување, тие ја промениле политиката на проверка на биографиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ