четврток, 26 декември 2024
Премиерлига

Пеп го седна Халанд на клупа, Фоден блесна со хет-трик, Арсенал ќе преноќи на врвот (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 4-1 ја совлада Астон Вила, Фил Фоден со хет-трик ги предводеше „граѓаните“ до три бода, Арсенал ќе преноќи на врвот откако со 2-0 славеше против Лутон.

Објавено на

часот

Сподели

Пеп Гвардиола реши да го седне Халанд на клупа откако напаѓачот врза три натпервари без гол, и во отсуство на Норвежанецот, Фил Фоден блесна и со хет-трик донесе победа од 4-1 над Астон Вила.

Родри го отвори резултатот во 11. минута, но гостите брзо одговорија, Дуран во 20. минута изедначи на 1-1.

Во последните мигови од првиот дел, Фоден го врати Сити во водство и погоди за 2-1.

Англичанецот потоа прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 3-1 во 62. минута од мечот, за во 69. минута од мечот прекрасно да ја затресе мрежата од 20 метри, и да бие неодбранливо во аголот за хет-трик и конечни 4-1.

Арсенал ќе преноќи на врвот откако го совлада Лутон. Победникот беше решен во првото полувреме, Одегард реализираше за 1-0 во 24. минута, а пред крајот на првиот дел Хашиока си постигна автогол за конечни 2-0.

На последниот денешен натпревар, мечот помеѓу Брентфорд и Брајтон заврши 0-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ