сабота, 21 декември 2024

Пензионерите се активираа, излегоа на протест во Кавадарци, но политиката ги дели

Линеарно зголемување по 5.000 денари, зголемена минимална пензија и целосно ослободување од здравствена партиципација, побараа денеска пензионери од Иницијативниот одбор на здружението „За достоинствен живот” кои излегоа на протест. Изминатиот период, како што беше речено, политиката од два табори им направи штета на пензионерите кои бараат подобар стандард.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Пензионерот Благој Донов се осврна и на средбата од пред неколку дена,  кога политиката., како што рече, го растури состанокот на пензионери од иницијативни одбори од повеќе градови. Тој рече дека на средбата дошле нелегитимни претставници со однапред режирано сценарио и недолично однесување, да сторат раздор.

На 5 февруари, по бројните обвинувања, несогласувања и повишување на тон од одделни пензионери, дел од нив ја напуштија средбата на која што требаше да се донесат заклучоци околу идното делување на овие пензионери, кои во изминатиот период се залагаа за повисок пензионерски стандард преку зголемени пензии и подобри услови за пензионерски живот.

„Очигледно е дека на средбата се присутни две крила на пензионери,  дека политиката замешала прсти, за жал. Иако на почетокот од борбата што ја водиме за подобри денови за пензионерите, многумина од нас тргнаа со чесни намери и без политички или било какви други амбиции, различни од првичната намера, да се залагаме за подобар живот во третата доба“, рекоа  тогаш дел од незадоволните пензионери за МИА.

Дел од нив тогаш спомнаа дена поединци, во изминатиот период се обиделе да протнат политика меѓу пензионерите, блиска до политички партии од опозицијата, зборувајќи дури и за политички ангажман и влегување во политичката сцена на претстојните избори.

Ѓорѓи Делов, претседател на иницијативниот одбор од Кавадарци кој беше домаќин на средбата, нагласи за МИА, дека и покрај напуштањето на средбата на претставниците од неколку градови, останува борбата за поголеми пензии и достоинствен живот на пензионираните лица во државата.

Сега, Делов информираше дека веќе е регистрирано здружението и побара поддршка од сите пензионери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ