сабота, 27 јули 2024

Пензионерите решија, за своите барање од Владата ќе се соберат пред амбасадите на 7 ноември

Пензионерите од цела Македонија ќе организираат голем собир пред амбасадите во Скопје, а не пред зградата на Владата, со цел да се слушнат нивните барања на кои власта остана глува, а тие се линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари за сите пензии и минимална пензија од 20.000 денари. Иницијативните одбори на пензионерите кои од летото протестираат денеска во Свети Николе се договорија тој протестен собир да се одржи на 7 ноември. Пред амбасадите ќе бараат помош и правда за пензионерите со мали примања.

Објавено на

часот

Сподели

Пензионерите од координативниот состанок порачаа дека нема да се откажат од своите барања и дека за нив ќе продолжат да се борат додека не бидат реализирани. Заслужуваме подобри пензии и подостоинствен живот, доста беше од преживување, од пензии кои не стасуваат ниту за храна, ниту за лекови, а да не се зборува за други потреби, порачаа пензионерите.

„Остануваме сплотени и покрај притисоците врз нас и етикетите за некакво политичко влијание врз нас, ние сме сериозни луѓе во години и не е убаво така да бидеме обвинувани. Ако Владата не може да ги реализира нашите барања, тогаш да заминеме во странство“, ѝ порачаа на власта пензионерите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ