сабота, 27 јули 2024

Пензионерите пак го блокираа Тетово, бараат итно зголемување на пензиите

По втор пат пензионерите од Тетовско организираа јавен протест и блокирање на сообраќајот во градот со цел да го изразат незадоволството од ниските пензии. Повторно околу еден час претпладнево се собраа на крстосницата на булеварите Маршал Тито и Видое Смилевски-Бато и го блокираа сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

„Нема промена на нашите барања, тие се линеарно зголемување од 5.000 денари за сите пензионери, а минималната пензија да биде 20.000 денари. Бараме подостоинствен живот за пензионерите кои се запоставени. Прв пат по осамостојување на државата пензионерите излегуваат на протести. Многу се ниски пензиите, а се случи со протести да ги бараме нашите права за достоинствен живот. Работната група која работа на создавање на услови и разгледување на барањата нема уште резултати, до крај на месецот ќе излезат со став. А од социјалните мрежи читав премиерот вели дека со закон ќе се регулира минимална пензија. Линеарно да биде за сите еднакво“, изјави Селвер Мемети, претседател на Здружение на пензионери.

Пензионерите велат дека цените на храната се премногу високи и мораат да протестираат за добијат повисоки пензии.

„Министерката, премиерот и претседателот да излезат и да го видат овој народ, да ги видат пензионерите. Пари има, нека не нè лажат. Нека седнат, нека ги решат проблемите на пензионерите. Шест отсто е малку, мора да има за сите за да живеат. Во оваа скапотија не се излегува на крај. Ако не, нека ни ја пратат храната тие таму во Собрание и во Владата што ја јадат, а е по багателни цени“, изјави Летка Мишовска.

Пензионерите најавија дека ќе протестираат и понатаму додека не се решат нивните барања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ