среда, 15 јануари 2025

Пензионерите ќе протестираат, бараат оставка од раководството на Здружението на пензионери

Пензионерите од Штип, Свети Николе, Кочани кои протестираа и бараа линеарно зголемување на пензиите по 5.000 денари денеска од Штип најавија и повикаа на протест на 3 септември пред канцелариите на Здружението на пензионери во Скопје. Трајче Станојков, пензионер од Свети Николе и член на Иницијативниот одбор за линеарно зголемување на пензиите, вели дека протестот е со цел оставка на актуелната претседателка, Станка Трајковска.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„На 3 септември во Скопје сите масовно да излеземе и да и кажеме на госпоѓата Станка Трајковска дека нејзината авантура со Здружението на пензионери е завршена и дека таква жена која не дава поддршка на 200.000 пензионери кои беа за линеарно зголемување не е потребна. Затоа да си поднесе оставка од нејзината функција, заедно со сите тие кои се во раководството“, вели Станојков.

Трајче Митев пензионер од Штип вели дека бараат и ревизија на финансиското работење на Здружението на пензионери.

„Дадовме барање до државниот Завод за ревизија, Управа за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи и Финансиска полиција да се открие и да се види дали има малверзации во Здруженијата“, вели Митев.

Пензионерите кои протестираа за линеарно зголемување на пензиите бараат измени и нови Закони во делот на зголемувањето на пензиите, но и на постапката на кој се бира претседателот на Здружението на пензионери и колку години да биде неговиот мандат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ