„Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот, пензиите пораснаа за околу 21 %. Првото усогласување во септември 2022 година беше 6.8%, второто во март 2023година – 8.4% и моменталната проекција за септември 2023 година- најмалку 6 отсто.
Ниту едно од овие зголемувања не ја загрози стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите.
Тоа е јасен показател на посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и сигурност на пензионерите.
Пензионерите се приоритет на Владата. Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите, и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за истите и во најскоро време ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму.
Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креираат страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени“, се вели во реакцијата.