понеделник, 9 декември 2024

Пензионерите го возвраќаат ударот во Премиерлигата?

Објавено на

часот

Сподели

„На пат сум кон Колни на тренинг (тренинг-центарот на Арсенал)“, напишал Роберт Пирес на својот твитер-профил. И веднаш ја разбуди фантазијата на навивачите на „топчиите“, кои барем на два месеци го вратија својот најдобар напаѓач на сите времиња, Тиери Анри.

Пирес во мај го раскина договорот по само девет меча со Астон Вила и замина во пензија. Но, ако се врати Сколс, веројатно може и тој. Но, во целата оваа ситуација, кај лондонските букмејкери се појави и облог, кој е следен да се врати од пензија. Букмејкерите се тркаат кој ќе даде поголем коефициент, а најголеми шанси пред се му се даваат на Едвин Ван дер Сар, легендарниот холанѓанец, кој летоска ги закачи „копачките на клин“.

Неговата изјава дека му недостига фудбалот и дека посакува да се врати на терен, беше доволна за да се најде како фаворит за камбек. Англиската јавност, пак, се прашува, постои ли уште некој и кој е следниот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ