сабота, 27 јули 2024

Пензионери се сомневаат дека пензионерската организација работи незаконски

Објавено на

часот

Сподели

ИОПД смета дека незаконски се извршени избори во здруженијата на пензионери (ЗП) и Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија (СЗПМ) и дека пензионерската организација работи незаконски и нетранспарентно и од тоа, како што наведува, „се појавуваат проблеми и манифестира големо незадоволство кај пензионерите“.

Од министерката Јованка Тренчевска ќе бараат и да ги прими подготвувачите на материјалот со  докази за состојбите во СЗПМ.

Од „Тука сме“ заклучиле и да се подготви и достави барање до ФПИОМ за изменување на образецот за изјаснување (давање согласност) на пензионерите за членување во ЗП и задршките од пензијата по основ на членарината и придонесот за солидарен фонд за посмртна помош, со нагласка тие да се раздвојат.

„ИОПД донесе одлука за изготвување ‘Бела книга’ за сите случувања во ЗП и СЗПМ во соработка со претставници од најголемиот дел здруженија на пензионери и Сојузот. ИОПД формираше oгранизациски одбор за протести со задача да организира масовен протест пред седиштето на СЗПМ во првата половина од мај“, информира ИОПД. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ