сабота, 27 јули 2024

Пензионери го блокираа патот Неготино Кавадарци, не отстапуваат од барањата за повисоки пензии

Поради ниските пензии, лошиот стандард и игнорантскиот однос на Владата, пензионери од Неготино го блокираа патот кон Кавадарци со порака дека не отстапуваат од барањата за линеарно зголемување на сите пензии за 5.000 денари и утврдување на најниската пензија на 18.000 денари. По блокадата, пензионерите со трансаренти во рацете поминаа низ улиците на Неготино.

Објавено на

часот

Сподели

„Ги бараме нашите пензионерски права и услови за подостоинствен живот. Ние сме разочарани од состојбите. Бараме повисок стандард, линеарно покачување на пензиите и  минималната пензија која нема да биде под 18 илјади денари“. рекоа пензионерите на протестот. 

Минатиот петок неготинските пензионери го блокираа на еден час влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, со истите барања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ