петок, 25 октомври 2024

Пензијата да не биде помала од 20.000 денари, побараа струмичките пензионери на денешниот протест

Објавено на

часот

Сподели

Пензионерите кои замаат помали пензии се пожалија дека тие не им се доволни за да можат достоинствено да живеат.

„Јас имам пензија од 15.000 денари. Што понапред со тие пари – да ги платам давачките, да земам лекарства и за храна, а знаеме дека се е покачено. Нека се покачат пензиите барем до 20.000 илјади денари“, рече Јован Јованов.

Друг смета дека треба на сите пензионери да им се покачат пензиите за 3.500 денари.

„Минималната пензија на стасува за покривање на основните потреби, затоа треба да се зголемат. Со пензијата да можеме да живееме нормален живот, а не да бидеме социјални случаи. Пензионерите 30-40 години издвојувале средства во Фондот и затоа надлежните треба да ги прифатат нашите барања“, смета Никола Тренчевски.

Инаку, денеска пензионери од Струмица по трет пат протестираа за зголемување на пензиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ