петок, 25 октомври 2024

Пентагон за новиот шеф на украинската војска: Тој е искусен и успешен командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски има право да избере кој ќе ја води украинската војска и Соединетите Американски Држави ефикасно ќе соработуваат со неговиот нов воен командант, порача висока функционерка на Пентагон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Зеленски е претседател на својата земја и Украина, за разлика од Русиј, има демократска цивилна контрола над војската“, смета Селест Воландер, помошничка на министерот за одбрана за меѓународни безбедносни работи во Пентагон.

Зеленски го унапреди генерал-полковникот Олександер Сирски, командантот на копнените сили, кој ќе го замени Валериј Залужни, досегашниот врховен командант на оружените сили на Украина.

Воландер го нарече Сирски „искусен и успешен командант“.

„Соединетите Држави почитуваат и ќе соработуваат со кого и да одбере демократски избраната влада, претседателот Зеленски, да биде негов врховен командант и ние ефикасно ќе соработуваме со генералот Сирски, како што веќе сме соработувале“, додаде Воландер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ