сабота, 27 јули 2024

Пентагон тврди дека Русија лансирала вселенско оружје во насока на американски сателит

Русија лансирала објект за кој се претпоставува дека е „вселенско оружје“ и го распоредила во истата орбита во која се наоѓа сателит на американската влада, тврди Пентагон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија лансирала објект во ниската Земјина орбита за кој проценуваме дека е веројатно вселенско оружје за кое се претпоставува дека е способно да уништува други сателити“, кажа портпаролот на Пентагон, генерал-мајорот Пет Рајдер, на конференција за медиумите.

Рајдер додаде дека Вашингтон ќе продолжи да ја следи ситуацијата и дека е способен да ги заштити своите интереси.

„Имаме одговорност да бидеме спремни да ја заштитиме и одбраниме областа, вселенската област, и да обезбедиме континуирана и непрекината поддршка на нашите сили“, додаде тој.

Москва претходно ги обвини Соединетите Американски Држави дека планираат да постават оружје во вселената.

„Уште еднаш покажаа дека нивните вистински приоритети во вселенскиот простор не се насочени на тоа вселената да ја ослободат од какво било оружје, туку на поставување оружје во вселената и нејзино претворање во арена за воен конфликт“, кажа портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ