сабота, 27 јули 2024

Пентагон: Систем „патриот“ е оштетен во Украина, но е во функција

Објавено на

часот

Сподели

„Системот „патриот“ останува оперативен“, кажал функционерот на Пентагон за Франс прес, додавајќи дека продолжува проценката на штетата од проектилот кој го погодил.

Руската војска во вторникот соопшти дека уништила противвоздушен систем „патриот“ за време на прецизен напад со хиперсоничен проектил „кинжал“.

Украинските власти ги отфрлија руските тврдења, наведувајќи дека ракетниот систем за противвоздушна одбрана, кој го има еден од најнапредните радари во светот, работи и е во употреба.

„Не грижете се, сè е во ред со „патриот““, изјавија претставници на украинските воени сили, иако на социјалните мрежи се појавија снимки од експлозијата на ракетниот систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ