„Во операцијата учествуваат неколку земји, вклучувајќи ги Британија, Бахреин, Канада, Франција, Италија, Холандија, Норвешка, Сејшелите и Шпанија, за заеднички да ги решат проблемите со безбедноста во јужното Црвено Море и Аденскиот Залив, да обезбедат слобода на пловењето за сите земји и да ја зајакнат регионалната безбедност“, наведе Остин во соопштение.
Тој додаде дека неодамнешните напади од територии кои ги држат Хутите во Јемен бараат „колективен одговор“, поради што ќе биде почната мултинационалната иницијатива „Чувар на просперитетот“ под закрила на здружените поморски сили.
Четирите најголеми транспортни компании, кои сочинуваат 53 отсто од глобалниот поморски контејнерски промет, беа принудени да го прекинат минувањето на бродовите низ Црвено Море поради сè почестите напади.
Јеменските Хути, на почетокот, во нападите за кои тврдат дека се одговор на израелската одмазда врз Газа, целеа само бродови кои се поврзани со Израел, меѓутоа во последните денови мета се и бродови кои пловат под знамиња на други земји.