сабота, 27 јули 2024

Пентагон: Осма транша воена помош за Украина во вредност од 1,3 милијарди долари

Објавено на

часот

Сподели

Пакетот опфаќа капацитети за противвоздушна одбрана, дронови и муниција, пренесува Војс оф Америка.

„Оваа објава претставува почеток на процесот на склучување договори кои ќе пружат дополнителни приоритетни капацитети за Украина“, соопшти Пентагон.

САД користат средства од програмата Инцијатива за безбедносна помош за Украина (УСАИ), што на администрацијата на претседателот Џо Бајден ѝ овозможува да купува оружје, наместо да го зема од американските воени залихи.

Пакетот вклучува четири Национални напредни ракетни системи земја-воздух (НАСАМС), артилериска муниција со калибар 152 милиметри, опрема за чистење мини и дронови, наведува Пентагон.

Секретаријатот за одбрана соопшти дека испраќа нова помош ден по виртуелниот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, која ја сочинуваат сојузничките кои му пружаат поддршка на Киев во момент кога украинската војска води офанзива против руските трупи во Украина.

Испораките на оружјето и системите зависат од нивната достапност и роковите на производство.

Пентагон, врз основа на програмата УСАИ, ѝ обезбеди воена помош на Украина во вредност од 10,8 милијарди долари во фискалната 2023, во седум транши.

Најавениот пакет претставува осма транша.

САД вкупно ѝ испратија воена и безбедносна помош на Украина во износ од над 40 милијарди долари откако Русија ја изврши инвазијата во февруари 2022.

Пакетот вклучува два вида таканаречена „талкачка“ муниција (која може во воздух да чека да се открие метата и да ја нападне) – дроновите „феникс гоуст“ и „свичблејд“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ