сабота, 27 јули 2024

Пентагон од Израел бара конкретни цели за продолжување на операциите во Газа

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин, за време на денешната посета на Израел, ќе побара од властите да дефинираат конкретни цели на операцијата која ја спроведуваат во Појасот Газа за да се премине на следната фаза, пренесува Си-ен-ен.

Објавено на

часот

Сподели

„Остин ќе изврши притисок врз израелските функционери за тоа кои цели ги поставиле додека преминуваат на следната фаза на војната во Газа“, изјавил неименуван функционери на американското министерство за одбрана за Си-ен-ен.

Покрај тоа, шефот на Пентагон ќе разговара за мерки за намалување на жртвите меѓу палестинските цивили, како и зголемување на пристапот до хуманитарна помош во Газа.

Поранешниот претседател на Палестина Махмуд Абас на состанокот со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен изјави дека треба да се сопре актуелната израелска операција во Газа.

Тој ја повика американската влада да интервенира и да го присили Израел да ги прекине нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ