сабота, 27 јули 2024

Пентагон објави снимки од средби со кинески ловци „како провоцираат“ во близина на кинеските граници (ВИДЕО)

Соединетите Американски Држави во последните две години забележале повеќе случаи на, како што тврдат, ризично однесување на кинеските пилоти над Источно и Јужно Кинеско Море отколку во целата деценија претходно, кажа Илај Ратнер, помошник министерот за одбрана за Индо-Пацификот.

Објавено на

часот

Сподели

„Од есента 2021 имавме повеќе од 180 такви инциденти“, кажа тој. Пентагон објави фотографии и снимки од кинески борбени авиони како наводно пресретнуваат американски авиони во близина на кинеските граници.

На снимките од јануари 2022 се гледа како кинески борбени авиони опасно се приближуваат до американските во меѓународниот воздушен простор, наведува Пентагон. Некои од нив се приближиле на шест метри оддалеченост од американските воени авиони.

„Тоа е централизирана и усогласена кампања на однесување за САД да ги сменат своите легални оперативни активности“, кажа Ратнер.

кина-пентагон

Последните обиди на Пентагон да комуницира со кинескиот воен врв не резултираа со плод. Пекинг ги прекина комуникациите откако тогашната претседателка на долниот дом на Конгресот Ненси Пелоси минатата година го посети Тајван, што ги разгневи кинеските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ