сабота, 27 јули 2024

Пентагон ја преценил вредноста на опремата испратена во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Била доделена поголема вредност на оружјето повлечено од американските резерви и потоа испратено во Украина, соопштија двајца американски одбранбени функционери денес.

„Откривме недоследности во тоа како ја проценуваме опремата која сме ја дале“ на Украина, кажа за Ројтерс висок одбранбен функционер.

Функционерите и помошникот во Сенатот зборувале под услов да останат анонимни. Конгресот ќе биде известен за сметководственото прилагодување накнадно.

Функционерот на одбраната кажал дека постои можност количеството на преценетото оружје да порасне откако Пентагон подетално ќе ја истражи ситуацијата.

Пентагон ја користел заменската вредност за проценка на помошта во оружје наместо вредноста на оружјето кога било купено и амортизирано, кажале одбранбените функционери.

Соединетите Американски Држави од август 2021 на Украина од своите резерви ѝ испратиле оружје во вредност од околу 21,1 милијарда долари.

Иако не е познато како Конгресот ќе реагира на веста, промената на проценката на вредноста на опремата би можела да ја одложи намерата на администрацијата на Џо Бајден да побара од Конгресот да одобри дополнителни средства за Украина додека се вжештува борбата околу горната граница на американскиот долг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ