Предложената продажба ќе ги подобри долгорочните капацитети на Косово да го брани својот суверенитет и територијален интегритет, напиша Пентагон. Истовремено, Косово побара набавка на 246 ракети Џавелин, а за можната продажба Конгресот на САД беше информиран во четвртокот.
„Ракетите Џавелин покажаа ефикасност во Украина, па дури и порано, и ги покриваат нашите потреби да бидеме подготвени да ја браниме нашата земја“, изјави за Ројтерс косовскиот министер за одбрана Ејуп Македончи. Тој рече и дека Косово ќе биде подготвено да одговори на секој што го загрозува неговиот суверенитет, но и подготвено да придонесе за светскиот мир како дел од заедничките меѓународни операции.
Ројтерс потсетува дека Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, дека е признато од повеќе од 110 земји, дека огромното мнозинство од неговите 1,8 милиони жители се етнички Албанци, додека околу 50.000 Срби на северот од земјата ја отфрлаат државноста на Косово и често се во судири со косовската полиција, при што немирите се интензивираа на крајот на минатата година.