вторник, 21 јануари 2025

Пентагон го отстрани портретот на генералот кого Трамп го нарече морон (ФОТО)

Пентагон денес го отстранил портретот на Марк Мили, пензионираниот генерал и поранешен началник на Генералштабот на американската војска, потврдиле двајца очевидци за Ројтерс. Потегот се случил два часа пред инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Пентагон не одговорил на прашањето зошто портретот е отстранет неколку дена по поставувањето. Трамп претходно го критикуваше Мили. Еднаш кажа дека мили „споро се движи и размислува“ и го нарече морон.

Неколку часа пред инаугурацијата поранешниот претседател Џо Бајден спроведе превентивно помилување за Мили и неколку избрани функционери и државни службеници, како и членови на своето семејство, настојувајќи да ги заштити од можна одмазда на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ