петок, 18 октомври 2024

Пенета елиминирана, Радванска едвај во второто коло

Објавено на

часот

Сподели

Со судни маки до следното коло на АО: Агнешка Радванска

Пенета имаше проблеми со физичката подготовка, а со оглед на тоа што поради повреда го предаде последниот меч пред турнирот во Мелбурн, нејзиниот пораз и не е толку изненадувачки. Радванска, пак, не успеваше да излезе на крај со агресивната Матек-Сандс, поради што го загуби првиот сет, но потоа влезе во ритам и успеа да го скрши отпорот на незгодната американска тенисерка.

Другите фаворитки немаа проблем да се најдат во второто коло од АО. Првата носителка, Каролин Вознијацки (Данска), загуби само три гема во дуелот со Анастасија Родионова, додека третата носителка, Белорусинката Викторија Азаренка, беше уште поубедлива, таа загуби само еден гем во пресметката со Британката Хедер Вотсон. Во следната рунда, делумно потешко од очекувањата, се најде и актуелната победничка на турнирот во Мелбурн, Ким Клајстерс (Белгија), која со 7-6, 6-1 беше подобра од Марија Жоао-Коелер од Португалија.

Останува во игра за одбрана на трофејот: Ким Клајстерс

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ