сабота, 27 јули 2024

Пендиков ќе присуствува на судењето утре во Охрид

Објавено на

часот

Сподели

                                       Фото: Пендиковски со претседателот и потпретседателката на Бугарија

На првото рочиште, кое се одржа на 5 април беа презентирани видео материјални и писмени докази во процесот што пред Основиот суд во Охрид се води против Илија Спасески, првообвинет за нападот врз Пендиков.

Според Обвинителството, првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот Спасески се произнесе невин.

Претставникот на одбраната, адвокатот Димитрија Цобоски, пред Судот даде кусо образложение во кое изјави дека одбраната не спори дека оштетениот критичната вечер бил повреден, но оти во доказната постапка ќе успее да го убеди Судот дека нема материјални докази што неспорно утврдуваат дека провообвинетиот е извршител на делото, како и оти во делото нема докази за зборови од омраза како што сака тоа да го наметне Обвинителството.

Пендиков не присуствуваше на првото рочиште, како што кажа неговиот застапник адвокатот Стефан Камишевски, поради здравствени причини.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари пред угостителски објект на кејот во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје.

По неговото лекување во Бугарија, тој доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, како и стан на користење во Софија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ