сабота, 27 јули 2024

Пендаровски замина, Сиљановска Давкова се всели во вила Водно

Гордана Сиљановска-Давкова ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Во Вила Водно таа замина од Собранието каде што ја даде свечената заклетва за совесно извршување на должноста и со обраќање пред присутните пратеници, дипломатскиот  кор и претставници на политичкиот и општествениот живот.

Од денеска почнува петгодишниот претседателски мандат на Гордана Сиљановска-Давкова, која е шести претседател и воедно прва претседателка од осамостојувањето на државата.

На Претседателските избори кои се одржаа на 24 април и 8 мај, таа освои 561.000 гласови.

Во говорот во Парламентот, кој рече дека им го посветува на жените за да ги инспирира дека е можно да се стане претседателка, 71-годишната универзитетска професорка по уставно право и политички систем истакна дека ќе се обиде да ја оправда довербата.

Нагласи дека ова  ѝ е најголемата обврска во животот, покрај тоа што е и најубав подарок за нејзиниот роденден кој ѝ  беше вчера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ