сабота, 27 јули 2024

Пендаровски за кандидатурата доби поддршка од 15 партии од коалицијата на СДСМ

Претседателот Стево Пендаровски соопшти дека за кандидатурата за втор мандат, вчера ја добил поддршката од 15 партии кои се во коалиција со СДСМ и на кои им изрази благодарност за укажаната доверба и поддршката. Пендаровски посочува дека тој е претставник на сите граѓани, без разлика на етничката, политичката, верската или каква било друга припадност.

Објавено на

часот

Сподели

„Зад претседателот Пендаровски застанаа коалиционите партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), односно Нова социјалдемократска партија (НСДП), Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Либерално – демократска партија (ЛДП), Партија на пензионери (ПП), ВМРО Народна партија (ВМРО НП), Партија за движење на Турците во Македонија (ПДТ), Сојуз на Ромите во Македонија, Демократски сојуз на Власите, Партија за општествен и економски напредок (ПОЕН), Странка на демократска акција на Македонија (СДА), Социјалдемократска Унија (СДУ), Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) и Партија за европска иднина (ПЕИ).

Претседателот Пендаровски искажува благодарност за укажаната доверба и за поддршката и во следните пет години да ја води државата на вистинскиот пат, кон европски животен стандард и европски вредности, економски напредок и стабилност“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ