сабота, 27 јули 2024

Пендаровски во Давос учествува на панелот за безбедноста во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Покрај Пендаровски, на сесијата ќе се обратат и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, белгискиот премиер Александар де Кро, како и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен.

Утре, шефот на државата ќе учествува на сесијата „Дијалог за дипломатија на Западен Балкан”.

Како што соопшти неговиот Кабинет, во рамки на Форумот Пендраовски се очекува да има и повеќе билатерални средби.

Светскиот економски форум во Давос се одржува од 22 до 26 мај, а се очекува речиси 2.500 лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и медиумите да дискутираат за глобалните прашања и најитните предизвици во светот, вклучувајќи ја тековната пандемија, војната во Украина, гео-економските шокови и климатските промени. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ