петок, 26 јули 2024
Претседателски избори 2024

Пендаровски: Уште на 24 април да му покажеме на Мицкоски дека нема враќање на режим

„Не оставајте работите да ги решаваме на 8 мај треба на 24 да им покажеме дека мнозинството наши граѓани не сака да се враќа во мрачните времиња. Немаме луксуз како држава да се враќаме назад и 20 години да чекаме, затоа што сите млади ќе се иселат, а нема држава која може економски да просперира ако нема млади“, порача од митинг во Василево кандидатот за втор претседателски мандат Стево Пендаровски.

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи пред граѓаните на Василево, Пендаровски потенцирадека Македонија веќе е горда на постигнатото, а со Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова државата ќе се врати назад како во единаесет годишниот режим, затоа што како што кажа тој, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.

„Дали ако дојдат на власт ќе се однесуваат поинаку? Не, никако. Александар Николоски е до Груевски кога даваат наредба за 27 април, Мицкоски исто на 27-ми влегува во парламент и наместо да се извинат тие сега најавуваат амнестија за тој упад. Не треба да им дадете власт“, рече Пендаровски.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо за државата кога беше потребно за европската иднина на Македонија. Опозицијата беше главната кочница и ги блокираше своите сограѓани и земја. Нека не ве лажат сега дека со нив подобро ќе живеете, нема иднина со тие луѓе, видовте што правеа кога беа на власт. Сите важни стратешки цели досега ги постигнавме ние. Сеат лаги за наводни навреди, а истите тие не сопреа од навредувања. Како што лажат за договорите кои ги постигнавме, така лажат и за сѐ друго, не им верувајте ништо“, кажа Пендаровски претходно пред граѓаните на Ново Село.

Пендаровски повика на силна мобилизација и гласање за бројот еден на 24 април во првиот круг на претседателските избори.

„Ако добиеме доверба со оваа полотичка структура ние за 4 години ќе одиме напред, ќе одиме кон полноправно членство во ЕУ“, порача Пендаровски.

Од митингот вечерва во Радовиш, Пендаровски упати уште една порака и до Мицкоски и до противкандидатката Сиљановска Давкова, а се однесува на нивни изјави поврзани со Преспанскиот договор. Нека се договорат кој им е ставот, рече Пендаровски.

„Искрено да ви кажам, не знам кој е ставот на опозицијата по тоа прашање, затоа што кандидатката на главната опозициска партија, има изјава каде што вели дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор треба кривично да одговараат, затоа што тоа наводно било велепредавство на државата. Во програмата што ја објавија сега пред неколку дена, истата таа госпоѓа вели дека најголемо достигнување било нашето членство во НАТО бидејќи со тоа била загарантирана безбедноста на државата, а едно без друго не бива. Како и за други прашања, има двојство, дури и во врвот на таа партија. Јас им предлагам, пред да излезат во јавност да се договорат меѓу себе инаку вака се брукаат пред целата македонска јавност“ порача Пендаровски од Радовиш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ