сабота, 27 јули 2024

Пендаровски: Трендовите се променети, очекувам двојна победа

Очекувам двојна победа. Имаме свои вредности и потенцијали и сме подобри од нив, порача актуелниот претседател Стево Пендаровски, откако вечерва на 27. Конгрес на СДСМ доби поддршка за нов претседателски мандат.

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски оцени дека се лажни анкетите што ги прикажува ВМРО-ДПМНЕ и оти вистинските покажуваат дека СДСМ и Пендаровски ќе ги добијат претстојните и парламентарни и претседателски избори.

„Реалните анкети што тие не ги даваат во јавноста се дека тие се паднати под 45 пратеника, а ние сме над 50. Не е воопшто случајно денешниот резултат на СДСМ во собирањето на потписите. Трендовите од пред извесно време се променети“, рече Пендаровски.

ВМРО-ДПМНЕ, оцени, нема став за стратешките прашања на државата.

„Кој е нивниот предлог за преговарачката рамка? Велат ќе ви кажеме кога ќе дојдеме на валст. Со таков пристап не можете и не смеете да бидете претседател на месна заедница. Тоа се луѓе кои не се извинија за најголемиот срам во историјата на Македонија – 27 април“, рече Пендаровски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја направиле најголемата стратрешка грешка во историјата бидејќи за време на пописот активно работеа на бојкот, а резулататот, посочи, е што 130.000 етнички Македонци ги послушаа и не се попишаа.

„Немојте да имате никаков страв, тоа се луѓе кои немаат никави квалитети, имаат само една желба да дојдат на власт и да останат во фотелји. Тоа не смееме да го дозволовиме“, порача Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ