сабота, 27 јули 2024

Пендаровски сепак ќе размисли дали ќе бара нов претседателски мандат?

Денеска претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање дали размислува да се кандидира за нов мандат на претседателските избори во април идната година, кажа кусо и категорично НЕ. Тој не го образложи потоа неговиот кус одговор. Но, од неговиот кабинет ја релативизираа изјавата.

Објавено на

часот

Сподели

Од кабинетот на претседателот потоа за неколку национални телевизии пратија дообјаснување. 

„Премногу е рано да се даде таков одговор. Сѐ ќе зависи од поддршката на граѓаните и на партиите“, кажале од кабинетот.  

Дали ваквото дообјаснување кое се случи по јасна и гласна изјава на самиот претседател можеби значи дека до него стигнала забелешка од партијата (коалицијата) која го имаше кандидирано и ја доби изборната победа за овој претседателски мандат и смета повторно на него, или пак, значи дека категоричното НЕ било директен одговор на прашањето „Дали размислувате…?“.

Некои медиуми така и пренесоа дека им било кажано, односно дека „Во моментов не размислува за тоа прашање зашто размислува за наредните одговорни задачи на функцијата шеф на државата“, односно, „Претседателот во моментов е фокусиран на работата за која го плаќаат граѓаните“.

Според политичките кулоари, повторната кандидатура на Пендаровски би била поддржана од ДУИ, доколку таа партија не донесе одлука да оди со свој кандидат. Но и во тој случај, во вториот круг кандидатот на СДСМ би ја имал поддршката од интегративците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ