четврток, 26 декември 2024

Пендаровски: Разочарен сум! ЕУ нема голем фокус на регионот. Бугарија од нас го бара невозможното

Поддршката за влез во ЕУ кај етничките Македонци драстично паѓа, откри Стево Пендаровски во ексклузивно интервју за РТЛ.

Објавено на

часот

Сподели

„Сосема неочекувано за нас, пред 3 или 3 и пол години, Бугарија побара меморандум, документ во кој го бараше невозможното. Затоа што тоа не се случува во нормални општества, барем не во Европа. Бугарија побара да си го смениме идентитетот. И како Бугари да влеземе во ЕУ. Ова наиде на чудење од другите земји од ЕУ, претставниците, амбасадорите во Брисел, но останаа на тоа. Влегоа со неевропска, анти-европска политика и се обидоа да решат некои билатерални спорови според нивниот историски наратив. Опозицијата, која се обиде на таа карта да освои поени кај граѓаните, за жал успеа ова прашање да го направи главна предизборно и изборно прашање. Тие велат не не не, нема компромис со Бугарија, а тие гласови ни требаа во парламентот затоа што е потребно двотретинско мнозинство за промена на Уставот и на сите тие амандмани. Не успеавме да го направиме тоа и сега ние сме во самоблокада, така да се каже“, рече Пендаровски.

За европските партнери македонскиот претседател Пендаровски вели дека е разочаран во некои високи функционери, не само на ЕУ, туку и на одделни земји. Не би сакал да ги именувам земјите, не ми личи како претседател на државата. Но очекувавме многу повеќе од најсилните земји од ЕУ во оваа насока, дека не можат да ја убедат Бугарија да не пушти да влеземе без овие несоодветни услови. Во тоа никој во Македонија не може да верува. САД, кои не се членка на ЕУ, беа многу поактивни во овој период и против Бугарија и против Брисел како што направија некои членки на ЕУ“, вели Пендаровски во интервјуто за РТЛ.

За тоа каква е довербата на македонските граѓани во ЕУ, Пендаровски вели дека драстично опаѓа. „Во последните две години таа поддршка е намалена на половина. Секогаш сме имале високи проценти, 70, 80, дури и 90 проценти поддршка за влез во ЕУ, под условите што постоеја. Сега ако конкретно ги прашате Македонците дали би сакале Македонија да биде членка на ЕУ, 80 проценти велат да, но кога ќе ги прашате дали сакате Македонија да стане членка на ЕУ под овој услов, Бугарите да бидат во Уставот – 80 отсто велат не“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ