сабота, 27 јули 2024

Пендаровски преку видео повик разговараше со припадниците на АРМ на мисии во странство

Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ги поздравил нашите мировници кои се ангажирани во операцијата за поддршка на мирот КФОР во Косово, а предводена од НАТО, во мисиите на НАТО во Латвија, Бугарија и во Романија, во операцијата за поддршка на мирот АЛТЕА во БиХ, а предводена од ЕУ како и во мисијата УНИФИЛ во Либан, предводена од ООН.

Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Стево Пендаровски денеска остварил видео разговор со припадници на нашата Армија кои се распоредени во меѓународните операции и мисии, предводени од ООН, НАТО и ЕУ.

Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ги поздравил нашите мировници кои се ангажирани во операцијата за поддршка на мирот КФОР во Косово, а предводена од НАТО, во мисиите на НАТО во Латвија, Бугарија и во Романија, во операцијата за поддршка на мирот АЛТЕА во БиХ, а предводена од ЕУ како и во мисијата УНИФИЛ во Либан, предводена од ООН.

Во разговорот, претседателот Пендаровски се заблагодарил за нивниот ангажман, како и професионалоста и пожртвуваноста преку кои припадниците на нашата армија активно придонесуваат за мирот и безбедноста во светот и претставуваат најважен влог во колективната одбрана.

Честитајќи ги претстојните новогодишни празници, претседателот Пендаровски на нашите мировници им посакал добро здравје и успех и им порачал и натаму да останат посветени и професионални во извршувањето на задачите, бранејќи ги заедничките вредности – мирот и слободата, во земјите каде што се распоредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ