сабота, 27 јули 2024

Пендаровски по повод Свети Кирил и Методиј: Благодарение на нивното дело имаме можност и благослов да се развиваме на мајчин јазик

Објавено на

часот

Сподели

„Поставувајќи ги темелите на писменоста и духовноста кај словенските народи, Свети Кирил и Методиј извршија подвиг кој им обезбеди статус на светци во црквата, но и неизбришливо место во светската историја поради што со право се прогласени и за заштитници на Европа. Благодарение на нивното дело и ние Македонците, како дел од словенското семејство народи имаме можност и благослов на мајчин јазик да ја развиваме својата култура, уметност, образование, наука. И единаесет векови по нивното упокојување, универзалното дело на солунските браќа ги надминува верските, националните и идеолошките рамки и е пример за хуманизам, алтруизам и правдољубивост“, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на Свети Кирил и Методиј. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ