среда, 29 мај 2024

Пендаровски од Ресен: Јас нудам прогрес

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ државата беше во приватна сопственост и ги деградираа граѓаните во зависност од тоа дали некој гласал за нив или не. Истовремено, го осиромашија народот, а за себе и за своите фамилии грабаа без контрола. Јас нудам прогрес, тие нудат враќање назад. Ние ја внесовме државата во НАТО и почнавме преговори со ЕУ, тие најавуваат репреговарање на договорите кои го овозможија тоа. Со нас има слобода на говор, тие, ако се дограбат до власт, ќе апсат новинари и ќе имаме режим број 2″, рече Стево Пендаровски, кандидатот за претседател кој попладнево беше меѓу жителите на Ресен.

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски ги повика жителите на Ресен во среда да размислуваат за иднината на државата во целина, бидејќи само опцијата број 1 нуди просперитетна иднина.

Тој рече дека Христијан Мицкоски е наследник на Ванчо Михајлов, имајќи предвид дека тој самиот вели дека неговата партија е наследник на историското ВМРО.
„Има една изјава од сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пред некој месец во однос на бугарските клубови кои се отвораа. Вели: „имаме проблем со отворањето на бугарскиот клуб кој е неречен Цар Борис, ние сме против тоа, треба да се преименува. Но, немаме против бугарскиот клуб кој го носи името на Ванчо Михајлов”. Зошто? Затоа што дека тие како политичка партија се наследници на историското ВМРО. Што значи дека Христијан Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов. На здравје”, рече Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ