Пендаровски рече дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Сиљановска Давкова да победи во некаква дебата.
„До сега имаше три дуели меѓу мене и госпоѓата Давкова и се разбира и останатите кандидати во првиот круг и сега попладнево со партискиот сервис МТВ, кој сите ние го плаќаме, организирале дебата во која госпоѓата дебатира самата со себе и како што велат празно столче од другата страна. Знаете зошто го велат тоа? Прво, да ви кажам, дека договор за термин немаше. Последна дебата која е договорена, од трите во вториот круг, ќе биде на 6 мај на Канал 5, а ова мораа да го направат, затоа што е тоа единствен начин Гордана Сиљановска Давкова да излезе како победник во дуел“, нагласи Пендаровски.