петок, 26 јули 2024

Пендаровски обезбеди работа за тројца од неговиот кабинет, а самиот плата ќе заработува како професор

Доскорешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски обезбеди работен ангажман за троца вработени од неговиот кабинет, кои ќе користат една канцеларија, а самиот нема да користи државна пензија која како на поранешен шеф на државата му следува, туку тој плата ќе заработува како професор на универзитетот каде предавал пред да биде избран за претседател.

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски по завршувањето на претседателските избори соопшти дека веќе ѝ се вратил на професорската кариера во Американ колеџ и дека нема да ја користи државна пензија коа по закон му следува. Тој потсети дека тоа ветување го дал уште кога пред пет години беше избран за шеф на македонската држава дека нема да ги користи државните привилегии и дел од правата како поранеше претседател.

Имајќи предвид дека како поранешен претседател ќе има и определени обврски и активности кон државата, тој побарал повремено да користи канцеларија, но таква законска основа не постои. Затоа, тој најави дека „во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во кабинетот ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател“.

Станува збор за потребата од административна и логистичка поддршка која му е потребна за средби со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции.

Што се однесува до личното обезбедување кое му следува, тоа ќе биде организирано според проценките на соодветните служби.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство Пендаровски би можел да користи низа бенефиции. Пензијата, без оглед на возраста, би изнесувала колку и платата на актуелен претседател на Македонија. Како поранешен шеф на државата има право на канцелариски простор со најмногу до тројца стручни соработници, право на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.

Правата кои произлегуваат од највисоката државничка функција во целост ги користат поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ