петок, 26 јули 2024

Пендаровски: Националните интереси се бранат со пријатели, а не со политика на изолација

Ветивме дека Македонија ќе ја направиме членка на НАТО и тоа го направивме после 25 години кандидатски статус. Огромен исчекор направивме и во преговорите со ЕУ, после 17 години во чекалната конечно ги отворивме преговорите. За жал, во моментот кога најмалку тоа го очекувавме нашиот источен сосед постапи комплетно антиевропски и не блокираше на тој пат. Меѓутоа и со тоа можевме лесно да се избориме ако внатре во државава немавме опозиција која ‘де факто’ е на истите антимакедонски позиции, рече меѓу другото Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на владејачката СДСМ вечерва на предизборниот митинг одржан во Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

„Можеби нивните причини, нивните мотиви се различни, меѓутоа ефектот е тој. Со тоа што не се согласија во една сосема добро балансирана рамка за преговори да продолжиме напред, да ја усвоиме во Парламентот, тие ‘де факто’ ја блокираат сопствената држава и сега во оваа кампања без срам и перде доаѓаат пред вас и ви велат ние имаме план, ама ќе ви го кажеме ден после из бори. Прво изберете нѐ, да дојдеме на власт, па потоа ќе ви кажеме како ќе направиме Македонија да продолжи на патот кон ЕУ“, рече тој.

Според Пендаровски, земјава може да продолжи кон ЕУ само со актуелната политичка структура, затоа што тоа е политичката опција што знае, како што посочи, „што подразбира ЕУ“.

„Ние имаме пријатели надвор за разлика од нив и ние знаеме до каде може да се оди во тие преговори затоа што научивме да ги заштитуваме македонските национални интереси како ниедна владата претходно. ВМРО-ДПМНЕ цело време зборуваше дека ги штити нашите национални интереси, меѓутоа 11 години не мрднаа со малиот прст било што да направат во тие преговори. Во тие 11 години Македонија беше изолирана држава, без пријатели надвор овие крупни, големи прашања не се решаваат самите од себе. Ние сме мала држава. Ако немаме партнери и пријатели во Европа и во светот мислам притоа и на САД ние не можеме да напредуваме. Ние ја вративме Македонија на мапата на Европа затоа што покажавме дека сме стратешки партнер и со САД и со најголемите држави во ЕУ и токму затоа дојдовме на чекор од практично преговарање откога ја отворивме првата конференција“, рече Пендаровски.

Кандидатот Пендаровски изрази надеж дека на 24 април и на 8 мај огромно мнозинство од македонските граѓани ќе каже не на авантуристичките концепти кои нудат само политичка магла или мачка во вреќа.

Обраќањето пред охриѓани тој го искористи за да потсети на она што стои како понуда од спротивната страна, како што рече, исти луѓе, буквално исти имиња и презимиња беа најблиски соработници на нивниот поранешен шеф кој избега од државава, тие исти луѓе можат да владеат само на исти начин како што владееја во 11 години.

Пендаровски апелираше за поголема мобилизација, уште во првиот изборен круг, „за да се изберат вистинските луѓе, луѓе домаќини кои покажале на дело дека не им е најбитен рејтингот, дека битен им е просперитетот на народот и на државата“.

Претходно Пендаровски имаше средба и со граѓаните на Струга, пред кои ја посочи важноста на влезот на земјата во НАТО, чин што според него е идентичен на осамостојувањето на државата. Во оваа насока Пендаровски истакна дека опозицијата, не само што не нуди план како ќе ја однесе Македонија во ЕУ, туку сака да го поништи Договорот од Преспа.

„Тие не нудат алтернативен план, сакаат само да дојдат на власт. Сакаат одново да преговараат, да ја натераат Бугарија да отстапи. Северна не ги бендисувала, а плата примаат во Собранието. Сега и во Владата имаме, техничка влада, имаме министри од ВМРО-ДПМНЕ и тие примаат плата под Северна Македонија. И назад не ги враќаат ниту платата, ниту мандатот – во тој дел Северна не им пречи“, подвлече Пендаровски.

Пендаровски денеска оствари средба и со жителите на Вевчани и Дебарца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ