сабота, 27 јули 2024
Средба на претседателот на Македонија

Пендаровски и Лајчак разговарале за ситуацијата во регионот

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак денеска оствариле средба на која разговарале за состојбите во регионот и ја нагласиле важноста од продолжување на редовната комуникација и размена на мислења и информации од заемен интерес.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум, денеска во Давос на средбата со Лајчак, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за актуелните случувања и главните регионални предизвици, за очекувањата од дијалогот Белград-Приштина и за важноста од засилена регионална соработка како еден од клучните предуслови за одржлив мир, стабилност и просперитет на Балканот.

„Во однос на перспективите на Северна Македонија, двајцата соговорници ја нагласија неопходноста од одговорен пристап на сите политички чинители, за обезбедување целосна имплементација на реформските процеси и задржување на европскиот курс на државата“, се наведува во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ